Палењето свеќа има длабока симболика, Светиот Симеон Солунски ни кажува дека свеќата ги има следните значења:
- Ја симболизира чистотата на нашата душа, зашто е направена од чист восок.
- Мекоста на душата врз која можеме да напишеме било што.
Божјата Благодат, зашто восокот доаѓа од мирисни цветови. - Обожувањето, кое треба да го достигнеме, зашто таа се пали со оган и го храни.
- Светлината Христова, која ја гори и осветлува темнината.
- Љубовта и мирот, особини на секој Христијанин, зашто, додека гори, таа со својата светлина го просветува и утешува човекот кој е во темнина.