Момчето ја изненади: Цеца покажа што доби за 8-ми Март

ИЗВОРСкопје24
|

Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ веќе неколку месеци е во среќна врска со помладото момче Богдан Срејовиќ. Тие речиси секое слободно време го користат да бидат заедно а од фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи може да се забележи дека се посебно среќни.

Дека нивната љубов цвета доказ е и денешното внимание кое Богдан и го посвети на Цеца. Имено, пејачката од своето момче доби куп подароци, а Цеца не можеше а да не ја сподели целата среќа со своите фанови.

Станува збор за прекрасни колачи во форма на срце, а таа се пофали и со цвеќиња, шампањ и мечиња.

„Мене секој ден ми е 8 Март. Фала, бебо“, напиша пејачката.