Момчето на Антониа Гиговска откри каков неочекуван разговор имале со Калиопи

ИЗВОРСкопје24
|

„Бекстејџ“  ја започна кампањата #Бекстејџседидома, со кои ја прилагодија и адаптираа својата програма и содржини во новосоздадените услови.

Во рамки на неа, прв гостин беше Жаре – Бербер со лајв вклучувањето на Инстаграм, а вчеравечер друштво на Јасмина Филиповска и правеа естрадно-љубовната двојка: Антониа Гиговска и Иван Јованов.

Лајвот почна во закажаното време, а сите фанови имаа можност да се вклучат во живо, да ги прашаат она што сакаат Иван и Антониа, но и да ги слушнат како пеат во живо, во домашни услови.

Антониа и Иван беа во релаксирано и опуштено издание, а имаа доста да поприкажат во резервираниот термин. Зборуваа за приватноста, музиката, што прават по дома, но открија и неочкувани момети.

Па така, за време на случувањето на МАC наградите во Белград, каде беа Антониа и Иван, ја сретнале Калиопи која на Антониа и поласкала со тоа што и кажала дека посакувала годинава Антониа да не претставува на Евровизија, откри Иван.

-Се сретнавме на МАC, Калопи и кажа на Антониа дека очекувала после две нејзини евровизиски инскуства како придружен вокал, дека годинава таа ќе биде нашата претставничка, кажа Иван горд за коментарот кој го добила неговата сакана од Калиопи.