Може да биде расадник на бактерии: Еве како правилно, а лесно, да ја исчистите климата пред летните денови

ИЗВОРСкопје24
|

Со овие едноставни трикови, темелно исчистете ја климата во вашиот дом и подгответе ја за летните денови што доаѓаат.

Филтрите во климатизерите можат да бидат вистински расадници на нечистотија, бактерии, вируси, па дури и лоши мириси, и потребно е редовно да се чистат. Посебно и детално чистење на климатизерите треба да се направи по завршувањето на зимската сезона и пред почетокот на летото, со цел да се исчисти нечистотијата акумулирана од грејната сезона, тутунот, лошата вентилација во текот на зимските месеци и повеќе.

Чистењето на климата е важен чекор во пролетното чистење на куќите затоа што обезбедува подобар квалитет на воздухот што го дишете. Ако некој во домаќинството има проблеми со респираторниот систем, одржувањето на климатизерот чист е дополнително важно, но дури и ако немате такво лице, нередовното чистење може да биде активатор за развој на разни респираторни заболувања.

Едно од заболувањата што демнат од запоставената клима е легионерската болест. Тоа е атипична форма на пневмонија предизвикана од аеросол како резултат на акумулацијата на легионела бактерии што се вдишуваат и како последица ја произведуваат оваа болест. Покрај легионела, клима уредите се идеално место за развој на други бактерии кои можат да предизвикаат хронична кашлица, иритација на очите и кожата, кивање и друго.

Постои опција да повикате сервис што ќе го направи чистењето за климатизеротза вас, но можете да го направите тоа релативно лесно самостојно и да заштедите многу пари.

Следете ги овие чекори и вашата клима ќе биде како нова.
Прво исклучете го апаратот, а потоа извадете го предната маска на климата. Обично се отстранува многу едноставно, вие само го повлекувате кон вас. Ако сè уште е прицврстено со завртки, одвртете ги. Запомнете, не повлекувајте ништо со сила.

Под маската што ја извадивте е филтер. Само извадете го. Можете да го исчистите со правосмукалка, но ако има многу нечистотија најдобро е да ја измиете со млака вода. Обично, нечистотијата сама заминува со вода, но ако филтерот е многу мрсен и останува нечистотијата, треба да земете сапун или благ детергент за миење садови и да го четкате. Бидете сигурни дека филтерот добро се исушил пред да го поставите повторно.

На овој начин ќе ги отстраните сите нечистотии од клима уредот, воздухот што го дише вашето семејство и ќе бидете безбедни, а климата ќе биде подготвена да ви служи во текот на летото.