Можност за забрана за увоз на возила кои се постари од 2009 година

ИЗВОРСкопје24
|

Се разледува можноста да се забрани увоз на возила кои се под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови, што би значело нема да може да се увезуваат возила и да се регистрираат возила кои се постари од 2009 година. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека одлука сè уште нема, но можноста се разгледува со цел да се намали загадувањето. Паралелно се најавуваат субвенции за ставање на плин и купување на хибридни возила.

Просечна старост на возениот парк во земјата во 2019 година изнесувала 19,3 години. Но состојбите се подобрија лани кога се донесе новиот Закон за данок на моторни возила, со кој се зголемија даноците за возилата што повеќе загадуваат. Според податоците на Царината опаѓа увозот на половни возила. Лани во земјата влегле нешто над 29.052 автомобили, од нив над 82 отсто биле половни, а само 2% се постари од 2013 година.

Доколку власта ја донесе новата мерка, тоа би значело и поскапи возила на плацевите. Најниската цена на оние со ЕУРО 5 стандард сега е 4 500 евра.

Но екологистите уверуваат дека бенефитот за животната средина ќе биде огромен. Понови возила значи почист воздух, но и побезбеден сообраќај, помалку сообраќајни нес реќи.