Mу беше љубов пред Цеца: Со оваа жена Аркан има четири деца (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пред Цеца, Жељко Ражнатовиќ бил 13 години во брак со Наталија која била негова голема љубов.Иако многу се сакале средбата со Цеца била судбоносна и тој се заљубил во тогаш младата пејачка.

Аркан и Наталија имаа четири деца кои заминале во странство со мајката кога родителите се развеле.

Имав три брака но не бев женкар. Кога се заљубив во Цеца веднаш и кажав на Наталија – изјавил во деведесеттите години Аркан.

Цеца прозборе за љубовта со Аркан: „Јас него го викав Буцко, а тој мене Цецко!“

За љубовта на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражантовиќ Аркан се зборува и пишува многу. Двојката се венча во далечната 1995 година и нивната свадба беше прогласена за свадба на деценијатаа. Иако денес Аркан не е меѓу живите, пејачката после него се нема премажено, а во повеќе наврати до сега има истакнато и дека не постои таков маж кој што би можел да го замени и да го завземе неговото место.

Јас него го викав Буцко, а тој мене Цецко.Ми нудеше сигурност каква што сакаат сите жени. Се фалеше дека сум го фатила со чоколадо, но не е така. Аркан мене ми купуваше чоколади. Запознав едно сосема друго човечко суштество од она кое ми го претставуваа. Тој беше строг со војската, со мене и децата беше златен, откри Цеца во едно неодамнешно интервју.