МУ СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА ЛЕТНОТО ВРЕМЕ: Следната недела ЛАДЕН БРАН доаѓа во Европа и Балканот

ИЗВОРСкопје24
|

На летнотно време кое е невообичаено за овој дел од годината конечно му се гледа крајот и тоа во текот на следната недела кога според сегашните анализи некаде над центраЛЕН И СЕВЕРЕН Атлатикот би се стационирал поизразен Антициклон (поле на висок воздушен притисок). Сето ова од Арктикот кон Европа и Балканскиот Полуостров би условило продор на значително постуден воздух кој би ги спуштил температурите на воздухот за 10 до 20 степени ширум Европа и Балканот во однос на оние кој ги имаме сега. Овој бран ширум Европскиот Континент ќе услови и врни од снег и зимски температури кој ќе се спуштаат и под нулата.

Студениот воздух некаде по средината на следната недела кога би стигнал над нашите краишта поточно некаде над Италија би условил формирање на циклонски систем кој во нашите делови ќе услови врнежи. Какви би биле врнежите и со кој интензитет нови информации во следните детални и обновени анализи.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Полека но сигурно се гледа крајот на летото и невообичаено високите температури на воздухот.

За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ