Му се слошило додека седел на тераса: Ненадејно почина поранешен репрезентативец

|

Поранешниот белгиски репрезентативец кој играше и во Премиерлигата, Седрик Русел почина од срцев удар на 45-годишна возраст.

Белгиските медиуми јавуваат дека Русел починал од срцев удар на својата тераса во родниот град Монс. Брзата помош која веднаш била повикана, не можела да му помогне.

Русел во својата богата кариера играше и за англиските клубови Ковентри и Вулверхемптон.