Муцунски: Во дискотека првпат ме внесе Џастин Трудо

|

Гновиот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски долги години живеел далеку од нашата Македонија и средното образование го завршил во Канада.

Оттаму носи убави спомени, но и трајни пријателства со луѓе кои живеат и работат денес во целиот свет. Утрово тој беше гостин во емисијата „Мазагин“ на ТВ Силтел каде зборуваше за школувањето во Канада, семејството, обврските како татко и сопруг, за другарството и приватниот живот во глобала.

– Во класот со мене учеше сестрата на Џастин Трудо, Елиша. Целата генерација во тоа училиште се дружевме, не бевме многу деца, а првпат кој не внесе во дискотека беше токму Трудо. Тој работеше како заменски професор по училишта и како менаџер на кафулиења и клубови во Отава. Ете, така, преку него првпат влеговме во дискотека, се сеќава Муцунски.

Тој се сеќава на канадскиот премиер како на харизматичен млад човек, кој уште во тоа време имал способност да ги врзува луѓето околу себе.

– Уште тогаш беше јасно што ќе стане, вели Муцунски.