МВР излезе со официјални информации за изгубеното 7 годишно дете

ИЗВОРскопје24
|

Скопјанка на возраст од 39-години во утринските часови на 11 септември во полициската станица во Драчево пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот седумгодишен син.

Полицијата почнала пребарување и набргу детето било пронајдено на Транспортен центар, каде што, најверојатно, пристигнало со автобус на ЈСП.

„По кратко време од страна на полициски службеници детето било пронајдено на Транспортен центар, каде најверојатно пристигнало со автобус на ЈСП“ соопшти МВР.

Михаил е пронајден, во добра здравствена состојба и е вратен во семејството, потврдуваат од МВР, иако додаваат дека случајот не бил пријавен кај нив.

Ученикот Михаил се изгуби вчера, а неговата мајка молеше за информации за изгубениот син и по социјалните мрежи, откако случајот го пријавила и во полиција.

Имено, како што пишува мајката, Михаил заминал во училиште во вторникот наутро, но до таму не стигнал.

Мајката Анета Илијевска, молеше, доколку некој има информации за детето да ја контактираат или да се јават во полициската станица во Драчево.