МЗ: Најдовме трајно решение за проблемот со матичен лекар во Шуто Оризари

ИЗВОРСкопје24
|

Министерството за здравство ја информира јавноста дека e пронајдено трајно решение на проблемот со матичен лекар во општина Шуто Оризари.

„После 6 неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари денеска добивме апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника. Со ваквиот ситем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение.

Сакам да информирам дека заврши и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што Министерството за здравство го реши и овој децениски проблем во општината“, велат од министерството.