На Балканот доаѓа првиот ЕСЕНСКИ циклон оваа сезона -ВИКТОРИЈА, доаѓа и ПРВИОТ СНЕГ

ИЗВОРСкопје24
|

Летното време и натпросечно високите температури ќе се задржат и на самиот почеток од септември, но сепак ваквата верменска состојба некаде на средината од следната недела ќе го прекине првиот есенски циклон за оваа сезона – ВИКТОРИЈА и истиот ќе го зафати најголемиот дел од Балканскиот Полуостров.

ВИКТОРИЈА ќе услови голем пад на температурите на воздухот, поинтензивни врнежи како и локално поизразено НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер, поројни врнежи, силни грмежи како и со појава на град.

Поради падот на температурите на воздухот може да се очекува и првиот снег за оваа сезона и тоа особено на италијанските алпи, но има услови првиот снег овој циклон да го донесе и во регионот поточно во северните предели од Балканот односно на словенските високи планини.

 

Значителен пад на температурите на воздухот на од средината на следната недела ќе има и кај нас и тоа падот на истите ќе биде за 5 до 10 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ