На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

ИЗВОРСкопје24
|

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус на оваа компанија излизган на пат кон Приштина. Автобусот два дена стоел покрај автопатот, пишува Макфакс.

Косовскиот портал „Дреница прес“ лани на деветти март известил дека со полиција и кранови се извлекува автобус на оваа компанија.

„Иако инцидентот се случи вчера, полицијата денес се обидува да го повлече автобусот. ’Дурмо турс’ сообраќа секојдневно од Скопје до Приштина и обратно. Не е познато дали имало повредени патници“, јавил пред речиси една година овој косовски медиум.

Министерството за транспорт и врски информираше дека „Дурмо турс“ има 18 линии за меѓународен превоз и 36 сертифицирани возачи, покрај меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар.

„Дурмо турс“, според Министерството за транспорт за меѓународниот и за меѓуопштинскиот превоз, има вкупно 40 автобуси.

Министерството за внатрешни работи потврди дека сопственикот на „Дурмо турс“ сам себе си прави технички преглед оти покрај на туристичката агенција, Дурмиш Белули е сопственик и на станицата за технички преглед на возила „АМЗ – Гостивар“.