На Градиште нема игла каде да падне – Ваква е сликата денеска на плажите во Охрид

ИЗВОРСкопје24
|

Продолжениот викенд ги наполни туристичките места, и покрај здравствената криза голем дел од луѓето решија да се спакуваат и да заминат.

Градот е преполн со туристи, а последните фотографии направени на плажата Градиште во Охрид покажува дека буквално нема игла каде да падне, луѓето не носат ниту маски ниту пак држат растојание помеѓу себе, едноставно безгрижно се седи како да не постојат никакви заштититни мерки.

Инаку во периодот од 25 до 31 јули, податоците од Центарот за јавно здравје велат дека во Охрид има 84 активни случаи, додека пак во соседна Струга 195 активни случаи. Вкупно тоа се 279 активни случаи до вчерашниот ден.