На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук – пријави и казни за прекршителите

|

Во вчерашната акција на Кванташки пазар инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи одземале над 15 тони овошје и зеленчук.

Од Министерството за економија велат дека прекршочни пријави ќе има за управителите на „Кванташки”- компанијата Анмарк Мк ДООЕЛ.

Како што врлат, ќе има казни за увозници на овошје и зеленчук како што се компаниите „Савари“, „Астра фреш“, „Атлантик“, „Нектар фреш“, „Ема стил“, „Фрута-Фрукта“, „Стрима“, но и за компании кои се занимаваат со малопродажба како што се „Веро”, „Стокомак”, „Кипер”, „КАМ”, „Тинекс”, „Зендолино комерц“ и „Миса Мкб“. Тој рече дека во текот на оваа недела ќе бидат доставени и кривични пријави за непочитување на одлуките на Владата.

Од Министерството порачуваат дека Одлуката за замрзнати цени на основни прехранбени производи ќе се продолжи и во наредниот период.

„Акциите и контролите нема да престанат тука, туку ќе продолжат да се направат секојдневно до завршување на одлуката, а одлуката имајќи во предвид дека не се почитуваше до крај ќе продолжи да важи и во наредниот период“, додаваат од министерството

Од таму се потенцира дека избегнување на давачки од над 10.000 евра е кривично дело и веќе се утврдени прекршоци во овој дел за што ќе следат кривични пријави.