Поп-пејачката Јелена Карлеуша беше една од гостите на гламурозната прослава на 31-виот роденден на нејзината колешка Милица Павловиќ, а пред да започне прославата, пејачката ги откри деталите од новиот албум, и одговори на прашање поврзано со „Роштилијадата“.
Голема медиумска прашина се крена и околу нејзиниот настап на „Роштилијадата“, кој ќе го одржи неколку дена по нејзиниот роденден. Како што многумина го искористија овој момент за повторно да ја исмеваат, Карлеуша ја искористи приликата да ги објасни причините за својот настап, бидејќи како што вели „Пее на луѓето, а не на колбасите“.
– На луѓето им пеам, настапувам на плоштад не за плескавици, не знам кој ја почна полемиката зошто јас, која нејаде месо пеам на плоштадот во Лесковац, има многу луѓе и што јадат и што не јадат месо. Како ќе биде и колку луѓе ќе има и каков концерт ќе биде, ве повикувам да дојдете, но и да видиме кој собира пари против мене – повтори Јелена.