НА ПЛАНИНИТЕ СОНЦЕ И ТОПЛИНА, А ПО КОТЛИНИТЕ И ПОНАТАМУ МАГЛА И ГОЛЕМА ЗАГАДЕНОСТ – ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ТОЧНО НЕ ОЧЕКУВА ОД ВРЕМЕТО ЗА БОЖИЌ…

|

До недела во Македонија продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена облачност и тоа особено на повисоките места и на планините. По котлините и понатаму ќе има појава на густа магла, ниска облачност и ЗНАЧИТЕЛНА ЗАГАДЕНОСТ во воздухот, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови.

Наутро температурите ќе се спуштаат до околу, па и под нулата а преку денот и особено на повисоките места и на планините ќе биде НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО за овој период од годината, а во местата со магла и ниска облачност ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО.

Максималните температури понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, додека во местата со магла и ниска облачност температурите и преку ден ќе останад под 10 степени.

Во Скопје и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 10 степени.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Метеоролошкиот феномен “Температурна инверзија” продолжува и понатаму во Македонија, што значи дека на повисоките места и на планините ќе биде топло, а по котлините и низините постудено. Исто така и за Божиќ нема да има снежна бајка, што значи очекуваме натпросечно високи температури и магла и постудено по котлините.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!