На прашањето дали гледа реални шоуа, Калиопи имаше краток и јасен одговор

ИЗВОРСкопје24
|

Калиопи Букле можеби е една од единствените македонски пејачки која успеа да направи успешна кариера и надвор од границите на Македонија. Имено, Калиопи во регионот секаде е добредојдена, па ги полни салите и во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора….

По успешната турнеја во Босна, македонската дива е на турнеја во Србија, а на 9 ноември ќе одржи концерт во „Комбанк дворана“ во Белград и 10 ноември во Ваљево. Пред самиот концерт, Калиопи во интервју за „Глоси“ проговори за својата публика, емоциите, љубовта, но и откри кој гест од фановите најмногу ќе го памети.

Како успевате да останете доследни на себе и да не попуштите на влијанието на публиката?

„Јас не сакам расположение и навики кои ме одалечуваат од себе. Ја следам околината, но таа не може да влијае на мене доколку не е во согласност со моите принципи и животни правила“ вели Опи за „Глоси“.

На прашањето што може да ја расплаче, пејачката вели:

„Болка на дете и немоќ на старец“ и додава дека најмногу може да ја изнервира нехуманоста. На прашањето дали гледа реални шоуа и како ги коментира, Опи беше кратка:

„Не гледам“ јасно одоговори Опи и стави до знаење дека не ја интересира ваков формат на програма. Опи, како што милуваат да ја викаат пријателите, е позната дека секогаш е расположена за фановите, да им дава и прима љубов од нив, а тие се најголем извор на нејзината енергија. Така, две близначки од 5 години се снимаа за еден концерт на пејачката како доказ за љубов кон Калиопи. Македонската дива вели дека токму овој гест ја разнежил.

„Тоа е најголем степен на љубов и најголема привилегија. Децата сакаат најискрено и нивните гестови се највредни. Додека го гледав нивното видео плачев од среќа. Тие дојдоа на мојот концерт, се запознавме, се фотографираме и се уште сме во контакт“ вели Опи.

Пејачката вели дека секогаш кога и е тешко ќе се сети дека има на некој кој му е потешко и продолжува понатаму.