Струмичанката Славица Анегелова својот најголем успех го постигна во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд каде ја однесе победата. Дваесетгодишната струмичанка музичката кариера ја започна пред 6 години во емисијата „Неки нови клинци“ и оттогаш почна да ја гради својата кариера.
Самата тврди дека колку по природа да е амбициозна и опуштена, од друга страна е мошне тврдоглава. За време на натпреварот неколкупати реагираше и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид, кој објасни дека некои работи ги правела сама и како не го почитувала договорот од пробите, поради што била редовен учесник во баражот.
„Не знам како тоа да го објаснам, едноставно ми се случува во моментот. Во текот на целото натпреварување постојано се договараме и секогаш се трудев да го испочитувам тоа што го договоравме на пробата, но понекогаш едноставно ми се случува нешто и знам дека малку ја „зафркнам“ ситуацијата. Но, се надевам дека на крајот се е во ред, исто како и овој пат“ – откри во една прилика Славица која во големото финале со победата стана новата „Гранд кралица“.
Атрактивната струмичанка имиџот не го градеше со голотија на сцена, но затоа на нејзиниот профил на Инстаграм може да се видат мошне атрактивни фотографии.