На српската пејачка и одредија 12 месеци издржување казна: Еве што ја чека Романа Паниќ по излегување од затвор

ИЗВОРСкопје24
|

Веста за апсењето на српската пејачка Романа Паниќ ги изненади сите. Имено таа е уапсена во Австралија поради ограбување на банкомати и е осудена на 12 месеци затвор.

По три месеци, Романа ќе излезе на условна казна на која ќе биде уште 9 месеци, а потоа ќе биде депортирана во својата земја.

„Кога ќе излезе од затвор, следните 9 месци еднаш неделно ќе мора да оди во полиција да се пријави. Не смее никаде да патува, ниту да излезе надвор од Квинсленд. Кога ќе истече казната полицијата ќе ја депортира во Белград и ќе и биде забранет влез во Австралија. А со тоа ќе има проблем каде и да сака да патува, може да заборави на САД и Канада“, вели извор. Тој додава дека пејачката ќе мора да почне да работи за да го врати долгот.

„Тоа се вика “community service“, што значи дека ќе мора да работи за државата. Како волонтерска работа – да чисти површини, да фарба клупи во паркот, да ги чисти графитите. Таа дневница не е голема и тешко дека за 9 месеци ќе го врати долгот“ вели изворот за српските медиуми.

Нејзините колеги се исто така изненадени по веста дека Романа го направила ова, па драгата нејзина колешка Гоца Тржан накратко ги прокоментира случувањата.

„Ова со Романа не ми е смешно. Ок, смешно е. Па, кој ја тераше така да се упропасти? Да ограбува банкомати? Не постои такво паѓање на популарност кое ќе придонесе да си дозволам да крадам. Навистина ми е жал за таа жена“ напиша пејачката на Твитер.

Имено, Романа и Гоца пред неколку години беа во кавга пред медиумите. Преку медиумите често се караа, но успеаа да постигнат договор. Двете се појавија на една забава, а расположени разговараа пред камерите на „Премиера“.