На Табановце се чека околу еден час, на Богородица 30 минути

|

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата утрово е околу 30 минути, а на Табановце се чека околу 1 час за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.