На Василица: Водителката Милена Антовска по вторпат стана мајка

|

Познатата водителка на Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска, на големиот православен празник Василица се породи и по вторпат стана мајка.

Милена роди ќерка, еден ден откако таа самата славеше роденден.

Ова е втора ќерка на водителката, а пред четири години со сопругот Гордан, ја добија Лана Марија.

Честитки за нејзината новородена ќерка пристигнуваат од сите страни на социјалните мрежи.