На заслужен одмор: Ураганките мамат погледи на плажите во Занзибар (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Уриганките кои со нивниот танц буквално ја запалија сцената на Евровизија минатиот месец, решија да одморат по напорниот работен период и овие денови заминаа на заеднички заслужен одмор на Занзибар.

Сите три на оваа егзотична локација го искористија доброто време за да се соблечат во костими за капења и веднаш да се впуштат на капењето со оглед на тоа дека нема некој кој не го чекаше ослободувањето на мерките против ширење на болеста.

Трите веднаш на своите социјални мрежи за фановите споделија фотографии во бикини, кои пак буквално ги преплавија со позитивни коментари за нивниот изглед.

Некоја во природно издание, друга со шминка и на плажа, но сите мора да се согласиме дека одлично изгледаат во било какво издание.

И додека двете од трите пејачки беа во црно бикини, третата се одлучи на сино цветно бикини.