Над 250.000 лица поминаа покрај ковчегот на кралицата Елизабета Втора

ИЗВОРСкопје24
|

Владата на Велика Британија денеска соопшти дека над 250.000 лица чекаа со часови во километарски редици за да поминат покрај ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора, да ѝ оддадат почит во деновите пред нејзиниот погреб во Лондон.

Досега само на британскиот премиер Винстон Черчил граѓаните му оддаваа почит минувајќи покрај неговиот ковчег во Вестминстерската сала во 1965 година. Тогаш покрај неговиот ковчег поминале 321.360 луѓе.

– Над 250.000 лица поминаа низ Парламентот, тоа е засега прелиминарна бројка, изјави министерката за култура Мишел Донелан за телевизијата Скај Њуз.

Во Велика Британија денеска продолжи нормалниот живот, суспендиран на 12 дена поради комеморации за Елизабета Втора.

Медиуми пишуваат дека и покрај тоа што фотографии од кралицата и од нејзиниот погреб доминираат на насловните страни на сите британски весници, кризата со животните трошоци и социјалните движења бргу ќе се вратат во прв план.