Надал не го покани Ѓоковиќ на свадба, но заедно ќе бидат на медениот месец

ИЗВОРСкопје24
|

Рафаел Надал денеска се жени со својата долгогодишна девојка Мери Перелјо, позната под прекарот Чиска, и не го покани својот ривал Новак Ѓоковиќ на свадбата на островот Мајорка, но за пет дена, тие на хуманитарен дуел ќе играат ден против друг.

Само пет дена по венчавката, Рафа мора да отпатува во далечниот Казахстан, каде ќе одигра еден егзибициски меч против најдобриот на светот. На 4 ноември, Надал ќе избие на прво место на АТП листата, Ѓоковиќ ќе падне на второ, но секако тие двајца се најдобрите тенисери на светот во моментов.

Освен тоа што ќе одиграат една партија тенис, Рафа и Новак ќе треба да им држат предавање и часови по тенис на млади талентирани тенисери од Казахстан. Надал во Казахстан последен пат играше во 2014 година.

Инаку, Надал судбоносното “да”, парот го изговорил во замокот “Ла Форталеза” кој датира од 17-ти век и кој се смета за најскапо приватно сопствеништво во Европа.

На венчавката присуствувале и поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос и неговата сопруга Софија. Шпанските медиуми пренесуваат дека Надал и Перељо, кои се во врска веќе 14 години, сакале едноставна и интимна венчавка.

Во текот на церемонијата била забранета употреба на мобилни телефони и други уреди со цел да се спречи фотографирање и снимање на истата.

Чиска е позната по тоа што не сака јавно да се експонира и го чува својот приватен живот со тенисерот далеку од очите на јавноста. Таа дала отказ на старото работно место за да стане проект директор во фондацијата Рафаел Надал, пишува “Fox Sports”.

Медиумите претходно пренесоа дека на венчавката нема да присуствуваат Шакира и Пике, што изненади многумина, но дека се очекува присуство на пејачот Енрике Иглесијас, НБА кошаркарот Пау Гасол како и на фудбалерот Икер Касиљас.

За припрема на храната бил задолжен еден од најдобрите готвачи кој поседува и Мишелин ѕвезда, Макарена де Кастро.