Најавен е осум часовен прекин на струја на овие улици

ИЗВОРСкопје24
|

Поради веќе закажани технички зафати без струја утре ќе бидат повеќе улици во Аеродром и Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, од 8 до 16 часот без струја во општина Аеродром ќе бидат дел од корисниците од булевар „Видое Смилевски Бато“, спроти ПСС, и тоа блокови 1, 3, 5 и 9, а од 9 до 13:30 часот струја ќе немаат корисниците од улица „Митре Влаот“ и „Архиепископ Сотир Томосвски“.

Во Ѓорче Петров, корисниците од улиците „Атанас Иљоски“ и „Борис Сарафов“ без струја ќе бидат од 9 до 12 часот.