НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ НА МАСЛИНОВО МАСЛО

ИЗВОРСкопје24
|

Маслиновото масло важи како едно од најквалитетните и најздравите, особено ако е ладно цедено и со проверено потекло.

Ако сте одлучиле да го користите во секојдневната исхрана, мора да бидете сигурни и дека соодветно го чувате во вашата кујна.

Некои грешки го прават целосно бескорисно и му ги уништуваат хранливите својства.

Готвење

Екстра девственото ладно цедено маслиново масло лесно гори, што значи дека дури и на ниска температура ги губи хранливите состојки и е сосема бескорисно за нас. Подобро е да готвите со друго масло, а маслиновото да го користите за салати, преливи и секој друг начин во кој е во неговата „свежа“ форма.

Неправилно чување

Маслиновото масло се чува во темни зелени стаклени шишиња или во специјални лимени конзерви и не треба да биде изложено на топлина, ниту на директна сончева светлина. Рафинираното масло може да се чува на кујнските полици, но ладно цеденото мора да биде на темно место.

Предолго чување

Неотворено шише може да се чува и до две години, ако е правилно складирано. Отвореното маслиново масло е добро за користење еден месец, а веќе во вториот има изгубено мал дел од хранливите материи. Во текот на третиот месец може да ги изгуби свежата боја и да добие горчлив вкус.