Најевтин град во Европа: Пивото чини помалку од 2 евра, влезот во музеите е бесплатен (ФОТО)

|

Оваа европска дестинација не е сместена во студени, пасивни подрачја, не е ниту во нашето соседство, но затоа вреди да се посети.

И, не само поради убавината и богатото културно наследство, туку и поради тоа што од неа ќе се вратите со полни џебови.

Гранада е најевтината „сити брејк“ дестинација во Европа. Се наоѓа јужно од Шпанија и претставува една од навистина најпристапните дестинации за патниците. Врз основа на истражување кое го спровела страницата „Омнио“, Гранада се нашла на врвот на листата за патници со ограничен буџет.

Цената е значаен фактор за поголем дел од потенцијалните туристи. Страницата „Омнио“ рангирала 100 најпопуларни дестинации за патување во Белгија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија и Шпанија.

Градовите биле рангирани врз основа на бројот на бесплатни атракции, пристапност на локален превоз, цена на храна и пијалаци.

Гранада има многу бесплатни активности, поточно 112. Тоа вклучува и посета на 10 бесплатни музеи.

Обиколувањето на градот во просек чини 6 евра, а пивото во поголем дел од баровите не е поскапо од 2 евра, наведува „Euronews“.

Освен тоа, Гранада има 1011 бесплатни Wi-Fi точки и 143 јавни фонтани. Редовната автобуска карта е една од најевтините во Европа и изнесува 1,40 евра.

Тврдината Алхамбра е главната точка во Гранада. Спектакуларната тврдина е неверојатно изградена како ѕидана цитадела, а потоа станала луксузна резиденција на Насридскиот емир.

Бисерот на Андалузија
Уште една од најважните историски атракции во Гранада е катедралата, импозантната градежна структура со готски, ренесансни и барокни елементи на архитектура чие градење траело повеќе од 180 години.

Гранада неодамна била поврзана со поголем дел градови во Шпанија со нов и брз воз. Патниците можат да тргнат од Мадрид и да стигнат во овој андалузиски град за три часа или четири часа од Севилја.