НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ АЕРОДРОМ СКОРО ГОТОВ: Ѕирнете во новото кинеско чудо (ФОТО+ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Официјалното отворање на најголемиот светски аеродром за превоз на патници – Даксинг во близина на кинеската престолнина Пекинг – е закажано за 30 септември. Тој беше дизајниран од покојната Заха Хадид и веќе ги поминал сите тестови пред да биде пуштен во употреба.

Се очекува аеродромот да може да услужува околу 72 милиони патници и 2 милиони тони товар до 2025 година, со 4 писти на располагање. Развојот во наредните години предвидува капацитетот да се зголеми на 100 милиони патници, 4 милиони тони товар и изградба на уште 3 писти. Се проценува дека секоја година ќе се вршат околу 880.000 летови.

Во Кина, аеродромот Даксинг е наречен „ѕвездена рипка“ заради шесте „крилја“ распослани околу огромната централна сала. Архитектурата е намерно дизајнирана да им заштеди на патниците долг пат и големи растојанија. Така, најдолгиот премин е 600 м.

Нежните форми и криви, карактеристични за работата на Хадид, совршено одговараат на кинеската традиција на калиграфија и создаваат илузија на флуидност на огромната зграда. Аеродромот е дизајниран да овозможи голема количина природна светлина.

Дел од енергијата за работа на системите Даксинг ќе доаѓа од соларни панели, а дождовницата ќе се собира и прочистува. Секако, на аеродромот ќе има најсовремени автоматски системи за патнички услуги и ракување со карго.

Изградбата започна во 2014 година и на врвот на овој процес беа вработени 40.000 вработени. На почетокот на оваа година имаше неколку тест летови од страна на Даксинг, а друг е закажан за утре – со најголемиот патнички авион во светот, Ербас А380.

(Фотографиите се од изградбата на аеродромот направени од Ројтерс)