Најголемиот проблем за возачите овој период: Вака ќе го оладите автомобилот

ИЗВОРСкопје24
|

Голем проблем е штом ќе седнете во вашиот автомобил температурата да биде вжештена. Ова е проблем со кој се соочуваат возачите во летниот период, а за да се спаите од сетоа тоа ова е сè што треба да направите:

-Да ги спуштите прозорецот на совозачката страна и да ја затворите вратата

-Вратата од страна на возачот да ја затворате како во видеото подолу.

Препорачливо е на седиштата, особено ако се кожни да ставите памучен материјал. Така ќе ви биде полесно да седнете на нив.

Воланот свртете го на страната на паркирањето така што кога ќе се вратите и ќе го ставите во почетна положба, најважниот дел (каде што ви се дланките) ќе биде ладен.

Пред напуштањето на автомобилот, на менувачот ставете навлака или нешто слично, па нема да биде толку топол кога повторно ќе седнете во автомобилот. Советот вели и при паркирање на автомобилот да ги оставите отворени предните прозорци, но многу малку за да може воздухот постојано да циркулира.