Северина Вучковиќ постојано е во центарот на вниманието, поради својот брак, синот или разгоелните фотографии. Сепак она малку од приватниот живот кој го има сака да го држи далеку од очите на јавноста, поради тоа има апартман во еден од најлуксузните но и најзатскриени делови од Хрватска.
Имено таа поседува луксузна недвижнина во Сплит, покрај самиот морски брег. Од блаконот на нејзиниот апартман се протега поглед на една од најпознатите плажи во Далмација.
Станот на популарната пејачка се наоѓа на улица која го добила името по папата Јован Павле Втори, кој на таа улица одржал говор во 1998-та година.
Стојам на својата тераса на улицата Јован Павле Втори, кој беше мојот омилен папа. Крст е поставен токму тука, каде што првпат одржал говор во Сплит, и тој се наоѓа на врвот на еден рид“, објасни Северина на својот инстаграм-профил.
Цената на становите помали од 100 квадрати во овој дел од градот изнесува и до 650 илјади евра во зависност од квадратурата и локацијата, а пејачката се наоѓа на едно од најлуксузните места.
Екипата на српски „Курир“ поразговарала со соседите на Северина во Сплит, кои имале што да откријат.
Од неодамна го смени презимето на домофонот од Којиќ во Вучковиќ. Тогаш ни беше јасно дека навистина се разведува. Мајка ѝ често доаѓа, а најмногу за време на летото и за Велигден, но и другите празници. Секогаш ме поздравува кога ќе се сретнеме во влезот, фина е“, вели соседот Марио.
Сосетката Антонија не го дели истото мислење со Марио.
Неколку пати ја имам видено нерасположена, мене не ми одговори на поздравот. Мајка ѝ е пристојна жена, еднаш стоеше пред крстот и се молеше или медитираше, гледајќи во небо. Тогаш нејзината ќерка имаше големи проблеми околу старателството над синот“, вели таа.
Фото: Дамир Дарвишагиќ