Натпросечно топлото време во Македонија продолжува се до самиот крај на овој месец, како и во првите денови од месец ноември.
Стабилизирање на времето ќе имаме од овој викенд, па така во најголем дел од следната седмица ќе имаме многу повеќе сонце и стабилно време без врнежи. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, но транспортот на прашина и на песок од Сахара значително ќе се намали.
Во Скопје и околината исто така продолжува натпросечното топло време, а од викендот, особено од недела ќе има и многу повеќе сонце.
Наутро температурите на воздухот на повеќе места ќе се спуштаат до околу 10 степени, а во Малешевијата и под 10 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.
Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата можно е да се искачи и до околу 28 степени.
Иако се подлабоко навлегуваме во есента, сепак и понатаму ќе можете да уживате во високите температури за овој период од годината. но и во сонцето.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!