НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА ЗА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ – ЌЕ ИМА ЛИ ДОЖД?!

ИЗВОРСкопје24
|

До крајот на денешниот ден, како и утре времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Веќе во сабота облачноста ќе се зголемува а од недела ќе има повремен локален дожд, но некој интензивни врнежи барем засега не се очекуваат и врнежите ќе бидат од локален карактер (што значи нема да ги има насекаде). Максималните дневни температури од недела ќе бележат тенденција на мал пад (за 3 до 4 степени) и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски.