НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОД ЗАПАД ДОАЃААТ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, ИМА МОЖНОСТ И ЗА НЕСТАБИЛНОСТ

ИЗВОРСкопје24
|

Во втората половина од претстојната ноќта од запад во нашата држава ќе навлезат нови врнежи од дожд кој поинтензивни ќе бидат на запад, во другите предели од државава врнежите ќе имаат локален карактер и ќе бидат послаби. Локално, особено на запад ќе има услови и за нестабилност проследена со грмежи.

Локално во западните предели ќе паднат нови над 10 л/м2 воден талог. Променливото време ќе се задржи и утре, додека стабилизирање на времето ќе имаме од среда.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, додека кон крајот на денот и во вечерните часови Долж Повардарието ветерот ќе биде од северен правец.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, потоа во следните денови истите ќе бележат тенденција на постепен пораст додека релативно студено ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука