НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: УЖИВАЈТЕ ВО СОНЦЕТО И РАНО ПРОЛЕТНОТО ВРЕМЕ

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска имавме претежно сончево со мала локална облачност.

Во текот на следните денови под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието ќе засилува.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност. Температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, што значи ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука