Најосвежувачкото овошје во лето: Еве како да ја одберете најблагата лубеница

ИЗВОРСкопје24
|

Лубеницата не освежува во летниот период но со оглед на тоа што кога ја купувате ризикувате каков ќе биде нејзиниот вкус, ви претставуваме трикови со кои лесно ќе се снајдете да ја одберете најубавата.

Обрнете внимание на линиите

Може да препознаете зрела лубеница по нејзината боја. Имено, изберете ја онаа што има силни темно зелени линии на кората. Исто така, бледите линии треба да бидат светло жолти.

Ако кората е сјајна, лубеницата веројатно не е доволно зрела.

Проверете го местото на растење

Еден од најсигурните знаци дека лубеницата е зрела е бојата на местото каде што расте ова овошје, односно местото каде што седела додека растела.

Поточно, треба да има кремаста, жолта боја, за разлика од оние недоволно зрели лубеници кои имаат бела или светло жолта боја.

Чукнете ја

За да бидете сигурни дека е идеалена, полека чукнете ја неколку пати за да го слушнете звукот што доаѓа од неа.

Ако слушнете длабок звук, тоа значи дека има повеќе вода и е зрела. Инаку, кората е подебела и погуста, а плодот не е целосно зрел.

Изберете ја најтешката

При изборот на лубеница, подигнете ја секоја додека не ја пронајдете најтешката. Кога ја кревате, треба да биде потешка отколку што изгледа.

Колку е потешка, толку повеќе има вода и е послатка, пишува Real Simple.

Погленете го обликот

Изберете округли наместо овални. Округлите лубеници се послатки, додека овалите честопати се полни со вода и без вкус.

Исто така, обрнете внимание на необичните испакнатини на лубеницата. Ако има испакнатини, нема да биде вкусна.