Најскапиот дом на светот? Облакодер вреден 1 милијарда долари, а многумина го исмеваат

ИЗВОРСкопје24
|

Облакодерот има и приватна гаража во која што се наоѓаат над 160 автомобили, има и три хелиодроми, многубројни градини, храм, кино со капацитет од 50 седишта и дворец за балови.

„Antillia“ е името на облакодерот на Алтамоунт Роад во Мумбаи – Индија, кој што воедно се смета за најскап дом на светот и во кој што живеат членовите на кралското семејство. Облакодерот е во сопственост на индискиот милијардер Мукеша Амбани кој што таму живее од 2012-та година, а својот дом тој го платил една милијарда американски долари.

Оваа година неговата вредност се проценува на 2.2 милијарди долари, но и понатаму тој не е најскапиот дом на светот. Таа титула ѝ припаѓа на Бакингемската палата во Лондон во која што живее британската кралица Елизабета II.

„Antilla“ името го добила по фантомскиот остров во Атлантскиот океан кој што е извор на многубројни легенди.

Облакодерот е висок 173 метри, а има вкупно 27 катови. Го дизајнирале архитекти од американската компанија „Perkins & Will“, со мотиви од сонцето и цветот лотус. Откако е изграден во 2011-та година, тој е предмет на исмејување од локалните жители.

Шест катови кои што се наоѓаат на врвот од зградата резервирани се за богатите индиски семејства.