Наместо да ги улови глувците во канцеларијата, оваа мачка почнала да заработува

ИЗВОРскопје24
|

Сите ги сакаме мачките и тоа не само поради нивното меко крзно. Тие се и одлични ловци. Токму поради нивната вештина за ловење започнала и оваа приказна, која завршила со создавање на добротворна организација.

Ова маче било вдомено од сопственикот на маркетинг агенцијата „GuRuStu“, во Толса. Компанијата сакала да го реши проблемот со глувците, а мачката била одлично решение. Мачката брзо се вклопила во тимот и многу сакала да седи покрај прозорецот и да гледа што се случува на улицата.

Одеднаш, вработените почнале да наоѓаат пари на подот близу вратата. Тие не можеле да сфатат од каде се појавиле тие пари. Ситуацијата се повторувала одново и одново. Тие решиле да направат тест за мачката и подметнале банкнота под вратата, а таа многу брзо ја зграпчила. Видеото може да го погледнете ТУКА.

Оваа мачка станала вистинска атракција и многу луѓе доаѓале да си поиграат со неа. Мачката почнала да добива сè повеќе пари, па тимот решил да ги искористи парите за донации. Тие решиле овие пари да ги донираат во добротворната организација наречена „Tulsa Day Center for the Homeless“, затоа што имало многу бездомници во околината, а и самата мачка некогаш била бездомна.

Мачката станала позната како CASHnip Kitty. Таа никогаш нема да биде обична мачка. CASHnip Kitty има голема моќ да ги менува животите на луѓето на подобро.