Наместо 50% државата ќе покрива 70% од месечната рата за „Купи куќа, купи стан“

|

Наместо 50 отсто државата ќе покрива 70 отсто од месечната рата за купување на стан за понудата која важи за лица до 35 години. Ова важи од годинава а се однесува на проектот „Купи куќа,купи стан“.

Намалени камати и многу други поволности се најавија од надлежното министерство кое го води проектот а за три дена во Скопје Сити Мол ќе има саем за „Купи куќа, купи стан“ на кој што граѓаните ќе може да се информираат за субвенциите што ги нуди државата .

Што се однесува до каматните стапки за субвенционирана рата, тие годинава се намалени д 3,9 отсто на 2,9 отсто. Од друга страна за четврта и пета година стапката е намалена од 4,4 отсто на 3,9 отсто.

Министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека 125 милиони денари се планирани во 2020 за овој проект, а според пресметките на министерката, ако еден стан на крајот чини 50.000 евра, држава во таа сума учествува со 12, 5 илјади евра.

– Каматните стапки се во слободен пад, банките даваат поволни каматни стапки, овој проект влијаеше за поповолни услови и за сите останати граѓани Тековниот проект ќе продолжи и во предизборниот период, секако со позитивно мислење од Антикорупциската комисија, изјави Ангеловска.

Повеќе детали на faktor.mk