Наместо паста за заби, Балканците велат каладонт, а селотејпот е секоја лента – што се крие зад овие поими?

ИЗВОРСкопје24
|

Колку пати сте ја нарекле каладонт пастата за заби, можеби не знаејќи дека тој збор всушност е назив на бренд за хигиена? Станува збор за “Kalodont” (калос на грчки значи убав, а одонтос – заб). Да, некои светски брендови се толку “моќни” што нивните имиња станале зборови во многу балкански јазици.

Покрај тоа, не секој фластер е ханзапласт, но така го доживуваме. Овој бренд настанал во рамки на германската куќа “Beiersdorf” и важи за фластер со највисок квалитет, па затоа е присвоен како синоним. Можеби не сте знаеле, но дигитрон не е синоним за калкулатор, туку е хрватска компанија “Digitron” која прва во Европа (во 1971 година) произвела џебен пресметувач.

Речиси секое пакување за млеко или јогурт го нарекуваме тетрапак (поради компанијата “Tetra Pak”), а лентите за лепење односно селотејпот како поим потекнува од произведувачот “Sellotape”.

Освен тоа, не секој стик за усни е лабело – “Labello” е бренд. Мислите дека бикини е модел на костим за капење? Не, овој израз се “одомаќинил” во јазиците поради популарниот бренд “Bikini”.

Интересен е и овој податок – името Аспирин потекнува од компанијата “Bayer” за да се означи лекот на база на ацетилсалицилна киселина. Со тоа, не секоја таблета за главоболка со сличен состав е Аспирин.

Има уште многу примери од ваков вид, но ова се само некои од зборовите кои најчесто ги користиме во секојдневниот говор.