Направете сами: Идеални колачиња за Денот на вљубените

ИЗВОРскопје24
|

Честопати се случува да немате идеја за подарок, па затоа е најдобро да бидете креативни. За 14ти февруари ви предложуваме да направите колачиња инспирирани од љубовта.

Потребни состојки: 100 г сушени вишни; 2 белки; 1 лажичка сок од лимон; 110 г шеќер; 1 лажичка рендана кора од лимон; 50 г рендано чоколадо и 50 г растопено чоколадо.

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 130 степени. Исечкајте ги вишните. Изматете го белките, шеќерот и сокот од лимон во цврст снег. Матете додека шеќерот не се растопи и смесата не стане сјајна.
Потоа додајте ги и сечканите сушени вишни и ренданата кора од лимон и промешајте со шпатула.

Со помош на 2 лажици, формирајте колачиња и редете ги во плех, врз хартија за печење и печете ги 40-50 минути. Исечкајте го млечното чоколадо, стопете го и украсете ги колачињата со тоа што ќе ги наросите и со рендано чоколадо.