Направи забава која се памети: Еве колку искешира Цеца за прославата на внукот

ИЗВОРСкопје24
|

Во семејствата Ражнатовиќ и Родиќ се славеше од утро до мрак затоа што на 3 јуни се роди Жељко, синот на Вељко и Богдана. За првиот внук на Цеца во нејзиниот дом беше организирана голема забава на која присуствуваа голем број на познати меѓу кои Аца Лукас, Александра Пријовиќ, Аца Пејовиќ, Маја Беровиќ, Сања Ѓорѓевиќ и многу други.

Како што пренесуваат српските медиуми, Цеца искеширала 100 000 евра за раѓањето на првиот внук, а сумата се однесува на прославата, декорациите, подготување на собата на Жељко, како и за подароците кои Цеца ги подготвила за снаата и внукот кога ќе излезат од болница.

„Дека Цеца е домаќинка, тоа на сите ни е јасно. Раѓањето на Жељко за неа најсреќен момент во нејзиниот живот. Цел живот го посвети на децата, така да може да замислите колку ќе се посвети на внуците. Не размислуваше за пари, сакаше се да биде на ниво, па даде околу 100 000 евра за се што беше потребно“ вели извор близок на Ражнатовиќ и додава:

„Цеца не прашуваше колку треба да плати кога го зема најскапиот апартман за снаата и внукот, па имаше кетеринг со морски плодови, специјалитети од интернационална кујна, сино – зелени балони за декорација, но и многу детали за кои не жалеше да троши пари. Таа ја подготви целата соба на Жељко. Купи многу работи кои ќе им помогнат на Вељко и Богдана. Нарача специјални подароци за Богдана и Жељко и едвај чекаат да пристигнат дома“.

Инаку, Цеца истакна дека малиот Жељко личи на Вељко.