НАРОДНО ВЕРУВАЊЕ: Трик кој ќе ви покаже кога ќе се венчате

ИЗВОРСкопје24
|

Постои едно народно верување, кое сигурно сте го чуле од вашата баба, со чија помош можете да откриете на колку години ќе стапите во брак. За овој мал „експеримент“ потребна ви е чаша вода и бурма која е закачена на конец.

Земете го прстенот и закачете го на конец, а во чашата ставете вода, малку повеќе од половина. Откако ќе го сторите тоа, поставете го прстенот во центарот на чашата, над водата и чекајте. Тој ќе почне сам да удира во рабовите на чашата, па токму затоа почнете да броите. По некое време, прстенот сам ќе застане. Се верувало дека колку пати тој ќе удри во чашата, за толку години наводно ќе се венчате.

Обрнете добро внимание на ударите, бидејќи некогаш се случува прстенот да удри тивко и вие да не го чуете. Она што е навистина интересно кај овој експеримент е фактот што колку пати и да го повторувате, вие секогаш треба да добиете ист број. Реално за „валидноста“ на експериментот е тешко да се говори, бидејќи се работи за народно верување. Во секој случај, забавно е да се проба, се согласувате?