„НАСА“ ќе гради капсули во вредност од 3 милијарди долари

ИЗВОРскопје24
|

Американската вселенска агенција „НАСА“ потпиша со компанијата „Локид Мартин“ договор вреден речиси 3 милијарди долари за изградба на три капсули „Орион“ кои најдоцна до 2024-та година би требало да ги преземат американските астронаути на Месечината.

„Локид Мартин“ беше избран меѓу останатите 11 американски компании кои се најдоа во потесниот избор за развој на прототипот на капсулата. Тие ќе управуваат со производството и управување со мисиите во рамките на кои на Месечината ќе бидат испратени шест летала од типот „Орион“.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Орион“ е вселенско летало кое е специјално проектирано за летови преку границите на Сончевиот систем во кои би требало да учествуваат и астронаути. Леталата се составен дел од инфраструктурата на „НАСА“ за мисиите „Артемида“ и идното истражување на Соларниот систем.

Програмата на „НАСА“ за враќање на американските астронаути на Месечината до 2024-та година е наречена по грчката божица на Месечината. Целта е американските астронаути да бидат доведени до јужниот пол на единствениот природен сателит на Земјата каде што досега не стапнала човечка нога.

Од американската вселенска агенција исто така соопштија дека во 2022-ра година планираат да нарачаат уште три капсули за 1,9 милијарди долари. До 2030-та планираат да нарачаат 12 летала „Орион“.

„Како единствено летало опремено за истражување на вселената преку границите на Сончевиот систем, „Орион“ е клучен за континуираната водечка улога на Америка“, истакна претставникот на Републиканците во Конгресот, Брајан Бабин.

„Програмата „Артемида“ е следниот чекор во човечкото истражување на вселената. Станува збор за составен дел од поширокиот пристап на „НАСА“ за истражување, од Месечината до Марс. Ние брзо и одржливо ќе ја истражиме Месечината и знаењето ќе го употребиме за на човештвото да му го овозможиме следниот џиновски скок – испраќање астронаути на Марс“, стои во соопштението на „НАСА“.

Извор: tocka.com.mk