Нашата Атиџе се најде на филмското мени на летовите на Бритиш Ервејс

ИЗВОРскопје24
|

Македонскиот филм Медена земја кој ќе се бори за Оскар продолжува да ја шири својата популарност надвор од нашата држава, во меѓународни рамки.

Британската авиокомпанија „Бритиш Ервејс“ овој филм го ставила во пакетот што им го нуди на своите патници да го гледаат на долгите меѓуконтинентални летови.

Оваа информација на својот фејсбук профил го објави новинарката Маја Петрушевска, која долги години живее во Лондон и работи во британскиот јавен сервис BBC.

На 9 февруари годинава, ќе се одржи 92-то издание на доделувањето на највредната филмска награда Оскар, а Медена земја е номинирана во две ктегории, за најдобар документарен, како и најдобар странски филм.