Насред пат се отворил кратер со врела вода и возилата пропаднале – граѓаните изненадени

ИЗВОРСкопје24
|

Во Русија на раскраница се отворила дупка во која возилата паѓале. Огромната дупка била преполна со врела вода а возилата како “Toyota” и “Nisan” паднале на кратерот кој се отворил на раскрсницата во Новосибирск.

“Два автомобили целосно потонаа. Ова е ужасно”, рекол еден очевидец за локалниот медиум “NGS”. Автомобилот “Lexus” кој бил зад нив избегнал слична судбина бидејќи стоел на црвено светло.

Двата автомобили биле паркирани пред деловен центар кога пропаднале во дупка која одненадеж се отворила. Никој не бил повреден во овој инцидент, но 21 блок станбени згради останале без топла вода и греење. Овој инцидент е последен во низата вакви незгоди во третиот по големина град во Русија. Минатиот месец дупките проголтале автомобили, автобуси и камиони.

Видеото може да го погледнете со клик ОВДЕ