Наставничка од училиште во Ново Лисиче осомничена дека продава дрога

|

Наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче, општина Аеродром е осомничена дека е вмешана во продажба на дрога, пишува МКД.мк.

Вчера Министерството за внатрешни работи во голема полициска акција приведе неколку лица, дилери на дрога, а меѓу нив е и наставничката. Според првичните информации, се работи за продажба на амфетамин.

Официјални детали од МВР за оваа голема акција ќе следуваат подоцна.