Наставник ги разлутил гледачите на познатиот квиз со реченица со која сакал да го оправда своето незнаење

ИЗВОРСкопје24
|

Кандидат на британската верзија на шоуто “Who Wants To Be A Millionaire?” ги разбесни гледачите со реченица со која се обидел да се оправда за незнаењето.

Ник Паркхаус, инаку наставник, требало да одговори на прашање на кое од наведените кујнски предмети се доделува “tog rating” (мерна единица која се користи за пресметување на топлинска изолација на производот). Пред него стоеле четири можни одговори – фрижидер, тава, куфер и прекривка. Точниот одговор бил прекривка, но Ник не го знаел тоа, а се оправдал изговарајќи реченица поради која многумина го нарекле “шовинист”:

“Мојата сопруга ги извршува домашните обврски. Се плашам дека не го знам одговорот”, рекол тој и ја разбеснил Велика Британија.

Делот од емисијата погледнете го ОВДЕ.

“Каква шовинистичка будала. Твојата партнерка ги извршува домашните обврски, па затоа ти го немаш одговорот? Може да немаме вакви наставници во нашите училишта?”, “Дали се шегува овој човек?”, “Се плашам за едукацијата на нашите деца”, биле само дел од коментарите. Инаку, станува збор за прашање за 1000 фунти, а Ник искористил џокер и отишол понатаму. На крајот стигнал до 8000 фунти, а бидејќи на емисијата ѝ дошол крајот, Британците ќе го гледаат наставникот и во следната епизода.