„Настрадав јас, ни крива ни должна“: Мајката на Жељко Јоксимовиќ откри за што Јована не можеше да и прости

ИЗВОРСкопје24
|

Таа се уште е блиска со поранешната снаа.

Жељко и Јована Јоксимовиќ се во брак десет години, а за сето тоа време многу се шпекулираше за врската на Јована со семејството на Жељко Јоксимовиќ.

Имено, неговата мајка Весна еднаш изјави дека била блиска со нејзината снаа се додека во медиумите не се појави наслов за кој водителката не може да и прости.

„Јована е токму типот на девојка што му се допаѓа на Жељко. Некое време ја гледав доста често и бевме многу блиски, но откако во весник објавив дека сакам внуци – се оддалечивме. Потоа излезе насловот „Мајката на Жељко открива дека Јована е бремена“, тоа беше чиста лага, а јас не бев ниту виновна ниту одговорна за штетата. Изгледа дека не можеше да ми го прости тоа и оттогаш постои одредена дистанца меѓу нас“, изјавила тогаш мајката на пејачот.

Од друга страна, таа се уште е блиска со првата сопруга на Жељко, Весна.

„Таа често доаѓа во нашата куќа во Ваљево со нивната ќерка Мина. Секогаш добро се согласувавме и останавме во одлични односи. Ја знам од средно, па ми е како ќерка“, изјавила мајката на Јоксимовиќ.

Родителите на Жељко се редовни гости на сите веселби што ги приредуваат пејачката и водителката, а Јована секогаш срдечно ги пречекува и се чини меѓу нив се е како што треба, пренесува „Убава и среќна“.

Братот на пејачката, Саша, претходно изјави дека не поминува многу време со Жељко.

Морам да бидам блиска со брат ми, но не се дружиме како семејство“, изјави еднаш Саша за „Здраво“.