Наташа Алексоска секогаш ја гледаме закопчана до грло, сега покажа како изгледа на плажа во бикини

ИЗВОРСкопје24
|

Убавата презентерка Наташа Алексоска позната од екраните на МТВ важи за секогаш дотерана и елегантна жена која посветено си ја работи својата работа.

Наташа најчесто е закопчана „до грло“ кога на гледачите им соопштува какво било денес времето, а какво ќе биде утре или во наредните неколку дена. Презентерката не е од оние личности кои сакаат приватно да се експонираат и надвор од работата, па за неа и нејзиниот приватен живот, кој го чува како бисер затворен во школка, знаат само најблиските.

Приватно Наташа е и сопруга и мајка. Во брак е со спортскиот новинар Роберт, со кого ја имаат прекрасната ќеркичка Луна.

Деновиве семејството го минува летниот одмор на море. Во Турција, во познатото летно одморалиште и многупосетувана дестинација – Аланија, од каде што објави неколку фотографии на какви што не сме навикнати да гледаме досега.